Нови кредити за Македонија

Bez autora
Feb 05 2014

Уште не стивнати реакциите во јавноста од зголемувањето на државниот долг за цели 212 милиони евра во минатата година и негово искачување до ниво од 2,757 милијарди евра, на Владата и годинава и' тргна со нови кредити. Најновата информација е дека Македонија ќе позајми 36,4 милиони евра од Светска банка, потребни за покривање на буџетскиот минус што ќе се отвори годинава. Вчера почна собраниската процедура за носење на законот за новиот заем по скратена постапка. Целта на овој заем е да се обезбедат средства за буџетска поддршка, се наведува во образложението, откако претходно се објаснува дека со него ќе се финансираат развојните политики за конкурентност. Враќањето на парите ќе почне во 2019, а ќе го заврши дури во 2031 година.

Нови кредити за МакедонијаУште не стивнати реакциите во јавноста од зголемувањето на државниот долг за цели 212 милиони евра во минатата година и негово искачување до ниво од 2,757 милијарди евра, на Владата и годинава и' тргна со нови кредити.

Најновата информација е дека Македонија ќе позајми 36,4 милиони евра од Светска банка, потребни за покривање на буџетскиот минус што ќе се отвори годинава. Вчера почна собраниската процедура за носење на законот за новиот заем по скратена постапка.

„Целта на овој заем е да се обезбедат средства за буџетска поддршка“, се наведува во образложението, откако претходно се објаснува дека со него ќе се финансираат развојните политики за конкурентност. Враќањето на парите ќе почне во 2019, а ќе го заврши дури во 2031 година.

Всушност, новиот кредит го одобрува Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД), која е дел од СБ, а се нарекува втор програмски заем за развојни политики за конкурентност. Првиот, во износ од 38,7 милиони евра, сме го повлекле и искористиле во минатата година.

Од Владата објаснуваат дека со новиот кредит ќе се поддржат четири клучни области, и тоа развој на производство со висока додадена вредност, олеснување на преструктурирањето на земјоделскиот сектор, подобрување на ефикасноста на трговската логистика, како и воспоставување флексибилност на пазарот на труд, развој на вештини и иновација.

Вчера на оваа тема се водеше жестока расправа на Собраниската комисија за финансирање и буџет меѓу опозицијата и власта. Опозиционерите обвинија дека Владата веќе установила практика да се задолжува пред избори, што отвора сомнеж дека средствата ќе се искористат за предизборни цели. „Се работи за заем за буџетска поддршка, и иако се спомнати четири области за кои ќе се користат средствата, не е наведен ни еден конкретен проект“, рече Марјанчо Николов од СДСМ. Од владејачкото мнозинство, пак, возвратија, дека заемот не е поврзан со изборите и тој нема да се троши за предизборни намени.

„Делегација на Македонија на 29 јануари 2014 водеше преговори со претставници на СБ во Канцеларијата во Скопје за овој заем“, се вели во образложението од Владата.

Кредитот ќе и' биде доделен на земјава со рок на отплата од 18 години со вклучен грејс-период од 5 години, како и каматна стапка шестмесечен ЕУРИБОР, со варијабилен распон. Ратите ќе се отплаќаат од буџетот два пати во годината, почнувајќи од 15 март 2019, заклучно со 15 септември 2031 година. Шестмесечниот еурибор вчера имаше стапка од 0,387 отсто, но според најавите, можно е оваа каматна стапка годинава да има мал пораст, како и тој да се засили во 2015 година.

Македонија има и обврска на ИБРД да и' плати еднократна провизија од 0,25 отсто од заемот, односно 91.000 евра. Проектот ќе биде усвоен од Бордот на банката на 13 март, а треба да заврши на 30 октомври.

Инаку, минатата недела Светска банка информира дека Македонија ќе земе од неа заем од 24 милиони долари, за поддршка на развојот на вештините и иновациите. Законот за ова задолжување веќе бил изгласан и од македонското Собрание. Проектот е одобрен од Бордот директори на СБ, а целта е да ја подобри транспарентноста во распределба на ресурсите и да ја промовира одговорноста во високото образование, да ја подобри релевантноста во средното техничко стручно образование и поддршка на иновативните капацитети. Овој заем има, исто така, 18 години доспевање и 5 години грејс-период.

Само еден ден претходно, пак, јавноста беше информирана дека земјава зела кредит од 97 милиони евра и од Банката за развој на Советот на Европа. Задолжувањето треба да биде искористено за реновирање на клиниката „Мајка Тереза“ од Скопје, како и на Регионалната клиничка болница во Штип. Законот за овој кредит, пак, се очекува допрва да стигне на усвојување во законодавниот дом.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik